спорт

Нејмар: „Загрижувачки е што не знаеме кога ќе се вратиме во фудбалот“

„Загрижувачки е тоа што не знаеме кога ќе се вратиме во фудбалот. Навистина ми недостасува да играм, ми недостасува конкуренцијата и ми недостасуваат колегите од клубот“, истакна Нејмар

Abdulkadir Karakaya  | 18.05.2020 - Обновена : 19.05.2020
Нејмар: „Загрижувачки е што не знаеме кога ќе се вратиме во фудбалот“

АНКАРА

Бразилецот Нејмар кој го носи дресот на францускиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ) истакна дека е загрижен затоа што не знаат кога ќе се вратат во фудбалот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Нејмар на својата интернет страница напиша дека поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) работите ги извршуваат дома и дека применува стриктна програма.

„Тренирам повеќе од нормалата“, нагласи 28-годишниот фудбалер, истакнувајќи дека тоа го прави затоа што не се играат натпревари.

Тој рече дека со нетрпение чека повторно да играат на терен.

„Загрижувачки е тоа што не знаеме кога ќе се вратиме во фудбалот. Навистина ми недостасува да играм, ми недостасува конкуренцијата и ми недостасуваат колегите од клубот“, додаде Нејмар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın