Abdulkadir Karakaya
04 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
АНКАРА
Во полуфиналето по конференции во американската Национална кошаркарска лига (НБА), актуелниот шампион Торонто Репторс, со погодокот на Оу-Џи Ануноби во последнаата секунда успеа да го совлада Бостон Селтикс со 104:103 и да го намали резултатот на 2:1, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа два натпревари во НБА. Во полуфиналето на плејофот во Источната конференција, Торонто Репторс го играше третиот меѓусебен дуел со Бостон Селтикс, натпревар кој донесе големи возбудувања. Во последните секунди од натпреварот при водство на Бостон од 101:103, Оу-Џи Ануноби на 0,5 секунди пред крајот на средбата постигна тројка за резултат 104:103 и победа на Репторс, намалувајќи го резултатот на 2:1.
Во екипата на Репторс најпрецизни беа Кајл Лаури со 31 поен, 6 скока, 8 асистенции и Фред Ванвлит со 25 поени, 3 скока и 6 асистенции.
Во редовите на Селтикс, Кемба Волкер постигна 29 поени, 3 скока, додека Џејлен Браун оствари дабл-дабл од 19 поени и 12 скока, но недоволно за да се избегне поразот.
- Клиперси поведоа во серијата против Нагетс
Екипата на Лос Анџелес Клиперс синоќа го одигра првиот натпревар од полуфиналето на плејофот во Западната конференција. Клиперси го совладаа Денвер Нагетс со 120:97 и поведоа со 1:0 во серијата од четири победи.
Кај Клиперси напрецизни беа Кавај Леонард со 29 поени, 2 скока и Пол Џорџ со 19 поени, 7 скока.
Кај Нагетси најдобар перформанс покажаа Никола Јокиќ со постигнати 15 поени, 3 скока и Пол Милсап со 13 поени, 9 скока.