спорт

НБА: Нетс го совлада Бакс благодарение на 49-те поени на Кевин Дурант

- Со оваа победа Бруклин Нетс поведе со 3:2 во серијата од четири победи во Источната конференција на НБА

Mutlu Demirtaştan  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
НБА: Нетс го совлада Бакс благодарение на 49-те поени на Кевин Дурант Фото: Архива / АА

ИСТАНБУЛ

Во плејоф-натпреварите на американската Национална кошаркарска лига (НБА), екипата на Бруклин Нетс со 114:108 го совлада Милвоки Бакс и во полуфиналето на Источната конференција поведе со 3:2 во серијата од четири победи, известува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одигра еден натпревар во плејофот на НБА. Во Источната конференција во Арената „Барклис“ се одигра петтиот натпревар меѓу Бруклин Нетс и Милвоки Бакс.

Кевин Дурант кој во натпреварите од плејофот на НБА имаше проблеми со повредите, на овој натпревар ги одигра сите 48 минути. Нетси на овој натпревар настапија без Кајри Ирвинг, кој се повреди на четвртиот натпревар. Во тимот се врати Џејмс Харден, кој се повреди на првиот натпревар.

Дурант на оваа средба постигна трипл-дабл со 49 поени, 17 скока, 10 асистенции и беше градител на победата на Нетс. Дурант со овој успех кошаркар на Нетс со најголем број постигнати поени на еден плејоф-натпревар. Џеф Грин постигна 27 поени, Блејк Грифин постигна 17 поени, а Харден кој се врати на теренот по повредата, средбата ја заврши со 5 поени, 8 асистенции, 6 скока.

Во редовите на Бакс, Јанис Антетокумпо беше најпрецизен кошаркар со дабл-дабл од 34 поени, 12 скока, а добра игра прикажаа и Крис Мидлтон со 25 поени, 5 асистенции и Џру Холидеј со 19 поени, 8 асистенции, но недоволно за да се избегне поразот од Нетс.

Победникот во дуелот меѓу Нетс и Бакс во финалето на Источната конференција ќе игра против победникот од дуелот меѓу Филаделфија Севентисиксерс и Атланта Хоукс (2:2).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın