Hilmi Sever
13 Октомври 2023•Ажурирај: 15 Октомври 2023
ОСИЕК (АА)
Селекторот на репрезентацијата на Туркије, Винченцо Монтела, со победата над Хрватска во Осиек го започна својот мандат на клупата на турската селекција. Монтела порача дека неговите играчи приредиле незаборавна вечер, известува Анадолу.
Италијанскиот фудбалски експерт, кој го презеде водењето на турската репрезентација, смета дека е рано да се проценува кој ќе ја заземе првата позиција во групата Д, во која неговата селекција во моментов е на прва позиција со 13 бода, додека Хрватска е второпласирана со 10 бода, но и натпревар помалку.
„Сѐ уште не можеме да кажеме дека сме во голема предност за лидерство на табелата бидејќи Хрватска има натпревар помалку. Сега мора да се концентрираме на следната средба“, рече Монтела и додаде:
„Според моето искуство, најтежок натпревар е оној што следува. Моите фудбалери се бореа со патриотски чувства и ни приредија незаборавна вечер.“
Фудбалската репрезентација на Туркије синоќа ја совлада Хрватска на гостувањето во Осиек со резултат 0:1 во рамките на квалификациските натпревари во групната Д за учество на ЕВРО 2024.
Италијанскиот тренер Винченцо Монтела, кој првпат од клупата ја водеше селекцијата на Туркије, како и неговиот хрватски колега Златко Далиќ, пред натпреварот имаше низа проблеми во составувањето на тимот поради повредите и суспензијата на играчите.
Синоќа се одиграа осум натпревари од седмото коло на квалификациите за учество на ЕВРО 2024 во фудбал. Постигнати се следниве резултати:
Латвија - Ерменија 2:0
Шпанија - Шкотска 2:0
Белорусија - Романија 0:0
Андора - Косово 0:3
Албанија - Чешка 3:0
Фарски Острови - Полска 0:2
Кипар - Норвешка 0:4
Хрватска - Туркије 0:1
Натпреварот меѓу Израел и Швајцарија е одложен.