Emre Doğan
04 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - ЕМРЕ ДОГАН – Шеснаесетгодишниот Адем Метин Турк, поради граѓанската војна во Сирија побара засолниште во Турција. Откако се здоби со турско државјанство, почна да настапува за јуниорската национална фудбалска репрезентација на Турција. Адем, потпишувајќи го својот прв професионален договор со екипата на Анталија, го оствари својот прв сон, пишува Агенција Анадолија (АА).
Адем Метин Турк е роден на 15 јануари 2004 година во Хама, Сирија. Поради граѓанската војна во Сирија, тој во 2013 година пребега во Турција. Тука се запознава со Алај Кеслер, претседателот на истанбулскиот фудбалски клуб „Сома Аслангуџу“.
Со одлука на Владата и потпис на претседателот Реџеп Таип Ердоган во 2015 година, Адем Метин Турк се стекна со турско државјанство.
Младиот фудбалер настапуваше за истанбулскиот клуб „Сома Аслангуџу“. Со својот перформанс за јуниорската турска репрезентација го привлече вниманието на голем број клубови. Адем Метин Турк се одлучи за Анталијаспор, и со нив потпиша 2,5-годишен договор.
- „Работевме напорно за да потпишеме професионален договор“ -
Адам Метин Турк, во изјавата за АА рече дека е многу среќен поради потпишувањето на договорот со Анталијаспор.
„Работевме напорно за да потпишеме професионален договор. Претседателот на клубот, Алај, вложи премногу труд во мене. Турција се грижи за мене. Претседателот Реџеп Таип Ердоган се грижи. Јас сум многу среќен. На почетокот беше многу тешко, но му благодарам на Бога, успеавме. Имаме уште долг пат пред нас“, вели Адем Метин Турк.
Шеснаесетгодишниот фудбалер, истакнувајќи дека тренира со првиот тим на Анталијаспор, рече: „Тоа е многу добро. Тука се Лукас Подолски и Синан Ѓумуш... Има многу фудбалери. Разговарав со нив. Тоа е различно чувство. Ти доаѓа самодовербата. Стануваш среќен. Тренерот Тамер Туна ме пречека многу убаво.“
- „Мојата цел е да играм во Националниот тим на Турција“ -
Адем Метин истакна дека неговата цел е да биде успешен во Анталијаспор и да игра за Националниот тим на Турција.
Младиот играч, потсетувајќи дека настапува за јуниорската репрезентација на Турција, додаде: „Во Анталијаспор сакам да бидам многу успешен. Не сакам да засрамам никого. Мојата цел е да играм во Националниот тим на Турција. Тоа е сон на секого. Настап за национален тим е нешто сосема различно. Ќе вложам голем труд. Ќе направам сѐ што можам. Добро е да се настапува за Националниот тим. Да не беше Националниот тим, немаше да стигнам дотука.“
Нагласувајќи дека неговата прва цел била да настапува за националниот дрес на Турција, Адем Метин Турк вели: „Кога бев мал, на 5-6 години, гледав фудбалски натпревари. ’Ти ќе навиваш за оваа екипа‘, рече тогаш брат ми. Таа екипа беше Барселона. Мојот сон е да играм за Барселона. Мој пример е Лионел Меси. Јас не можам да бидам Меси, но сакам да создадам стил на Адем Метин Турк. Ги следам Џенгиз Ундер, Хакан Чалханоглу и Чаглар Сојунџу. Се надевам дека ќе можам да играм со нив.“
- „Многу сакам да се сретнам со претседателот“ -
Адем Метин Турк рече дека има голема желба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и да му се заблагодари.
Нагласувајќи дека претходно се сретнал со сопругата на претседателот, Емине Ердоган, Адем нагласи: „Многу сакам да се сретнам со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Да се запознаам и да му се заблагодарам. Тој да не беше претседател, не ќе можев да играм фудбал. Турција е моќна земја. Се надевам со поддршката на Турција, граѓанската војна во Сирија ќе заврши.“
- Кеслер: „Адем е многу талентиран фудбалер“ -
Алај Кеслер, професор на Факултетот за спортски науки на Универзитет во Истанбул, за процесот на трансферирање на младиот фудбалер Адем во Анталијаспор рече: „Анталијаспор е голем клуб. Претседателот на фондацијата Анталијаспор, Фикрет Озтурк, инсистираше да го земеме Адем. Мислевме дека Анталијаспор ќе биде добро место за понатамошниот развој на Адем како фудбалер.“
Кеслер исто така додаде дека Адем Метин е многу посветен на фудбалот и дека има голем талент даден од Бога.
- „Адам ќе се сретне со нашиот претседател“ -
Наведувајќи дека најголем удел за постигнувањата на Адем Метин Турк има претседателот Реџеп Таип Ердоган, Алај Кеслер рече:
„Најголем удел за постигнувањето на Адем има претседателот. Претседателот сѐ уште не се има сретнато со Адем, но сопругата Емине Ердоган се сретна. Многу го засака Адем. Тоа што нашиот претседател се разбира во фудбалот го отвори патот на Адем. Наскоро почитуваниот претседател ќе се сретне со Адем. Има план за тоа. Најверојатно ќе се реализира. Знам дека го следат Адем.“