Erkan Tiryaki
31 Август 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Одбојкарската репрезентација на Турција до 19 години по вторпат го освои златниот медал на Европското првенство за младинци во 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Репрезентацијата предводена од селекторот, Шахин Чатма, на финалниот натпревар одигран во Зеница, Босна и Херцеговина, се соочи со екипата на Србија.
Турската одбојкарска репрезентација го совлада својот противник со 3:2 во сетови, и по 8 години повторно го освои златниот медал.
- Екипата беше на врвот и во 2012 година -
Младите одбојкарки на Турција на Европското првенство во 2012 година го освоија златниот медал.
На шампионатот што се одржа во Анкара, репрезентативките во финалето исто така играа со Србија.
Под раководство на тренерот Ѓокхан Едман, Турција ја победи Србија со 3:0 во сетови и стигна до првиот златен медал.
- За 12 години пет медали -
Националната одбојкарска репрезентација на Турција до 19 години во последните година покажа големи успеси на европските шампионати.
Младите одбојкарки на сите последни пет шампионати се наоѓаа помеѓу првите четири репрезентации. Од 2008 година до сега на европските шампионати освоија две златни и три бронзени медали.