Satuk Buğra Kutlugün
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
КАСПИЈСК (AA) - Повеќекратниот светски и европски првак во борење, Риза Кајалп од Турција освои златен медал на Европско првенство кое оваа година се одржува во рускиот град Каспијски, јавува Anadolu Agency (AA).
Кајалп во категорија до 130 килограми во грчко-римски стил го совлада рускиот натпреварувач Виталиј Шчур со резултат 2:1.
На Кајалп ова му е осма титула на првак на Европа, седма последователно, со што се изедначи со вториот турски борач Хамза Јерликаја.
Европското сениорско првенство во борење во рускиот Каспијски се одржува од 30 април до 6 мај.