Alma Çekovic
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Репрезентативецот на Египет и напаѓачот на Ливерпул, Мухамед Салах (25) прогласен е за најдобар играч на годината во англиската Премиер-лига и во изборот на Здружението на фудбалски новинари (FWA), јавува Anadolu Agency (AA).
На второ место заврши играчот на Манчестер Сити од средниот ред, Кевин де Брујне, додека напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, беше трет.
Египќанецот оваа сезона во лигата постигна 31 гол во 34 настапи и е еден од главните кандидати за освојување на наградата „Златна копачка“.
На Салах ова му е „двојна круна“, со оглед на тоа што минатиот месец истото признание го доби и од своите колеги. Тоа е 15-ти пат од постоењето на Премиер-лигата, истиот играч да ги освои двете награди.
Тој, од доаѓањето на стадионот „Енфилд“ минатото лето, ја фасцинираше фудбалската јавност, постигнувајќи оваа сезона 43 гола во сите натпревари и бележејќи 15 асистенции. Во оваа сезона во Лигата на шампиони десет пати ја затресе мрежата на противниците.