спорт, Коронавирус

Меси: „Фудбалот по коронавирусот нема да биде ист“

„Финансиските потешкотии што ќе ги доживеат компаниите поврзани со светот на спортот ќе влијаат финансиски и врз фудбалот“

Mutlu Demirtaştan  | 01.06.2020 - Обновена : 02.06.2020
Меси: „Фудбалот по коронавирусот нема да биде ист“

ИСТАНБУЛ (АА) - Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, тврди дека по пандемијата на новиот вид коронавирус, фудбалот нема да биде ист, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Меси рече дека епидемијата ќе влијае на фудбалот на теренот и надвор од него.

„Мислам дека фудбалот и животот воопшто повеќе нема да бидат исти. Финансиските потешкотии што ќе ги доживеат компаниите поврзани со светот на спортот ќе влијаат финансиски и врз фудбалот“, рече Меси.

Како што рече, ќе се менуваат и работите кои претходно биле нормални на тренинзите и натпреварите.

„Промената на рутината ќе биде тешка ситуација за спортистите“, рече Меси.

Тој порача дека ја дели болката со семејствата на починатите како последица на коронавирусот.

„Благодарен сум на здравствените работници кои се борат против коронавирусот. Сите се прашуваат како ќе се обликува животот по завршувањето на епидемијата. Овој кризен период произведе многу негативни последици, но нема ништо поболно од губење на луѓето што ги сакате“, додаде Меси.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın