Dejan Maksimovic
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и Бразилецот Марсело (29) постигнаа согласност за продолжување на договорот на уште пет години. Ова значи дека бразилскиот репрезентативец дресот на „кралскиот клуб“ ќе го носи до јуни 2022 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од мадридскиот клуб најавија дека Марсело утре попладне свечено ќе го потпише новиот договор.
Во текот на денешниот ден, фудбалскиот сојуз на Шпанија објави дека Марсело ќе мора да паузира две натпревари во Ла Лигата поради црвениот картон кој го доби во последното коло во ремито против Левант.
Реал има многу лош старт на сезоната на шпанското првенство, бидејќи во три кола оствари една победа и двапати одигра нерешено, заземајќи го седмото место на табелата со пет бода. „Кралскиот клуб“ вечерва ќе тргне во поход за третата последователна титула шампион на Европа. На Сантијаго Бернабеу ќе биде домаќин на кипарскиот АПОЕЛ во првиот круг од групата „Х“ од Лигата на шампионите.
Марсело во Реал пристигна во 2007 година од бразилскиот Флуминенсе. Оттогаш во белиот дрес одигра 414 натпревари и постигна 28 гола. За репрезентацијата на Бразил настапи 48 пати со пет погодоци.