спорт, Коронавирус

Лионел Меси заразен со Ковид-19

Според соопштението на ПСЖ, Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан Битумазала биле позитивни на овој вирус и веќе се во изолација

Doğa Kırmızıoğlu  | 02.01.2022 - Обновена : 03.01.2022
Лионел Меси заразен со Ковид-19

Анкара

Четворица фудбалери на францускиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ), меѓу кои и аргентинската ѕвезда Лионел Меси, се заразени со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на клубот, Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан​​​​​​​ Битумазала биле позитивни на овој вирус и веќе се во изолација.

Меси на почетокот на сезоната беше трансфериран во ПСЖ, со чиј дрес во лигата одигра 11 натпревари и постигна еден погодок, додека во Лигата на шампионите постигна 5 погодоци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın