Bakir Tiro
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
МАДРИД (АА) - Лионел Меси успеа да направи уште еден голем потфат во кариерата. Фудбалската ѕвезда на Барселона го достигна рекордот на Германецот Герхард Милер, постигнувајќи најмногу голови во дресот на еден од клубовите од најдобрите пет лиги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меси со синоќешниот погодок во 15. коло од Премиер лигата, во триумфот на својот клуб на гостувањето кај Виљареал (2:0), постигна вкупно 525 гола во дресот на Барселона, колку што и Милер ја потресе мрежата на противникот настапувајќи за минхенскиот Баерн.
Аргентинецот ќе има шанса да го надмине рекордот на Милер во следното коло идниот викенд, кога Барселона на „Камп Ноу“ ќе го пречека Депортиво ла Коруна.
По 15. одиграни кола, Барселона е лидер на табелата на шпанската Пример Лига со 39 поени, пет повеќе од Валенсија, шест од Атлетико Мадрид и осум во однос на Реал Мадрид.