Летниот европски младински фестивал 2025 започна во Скопје
- Свеченото отворање се одржа во спортската сала „Јане Сандански“ на кое учествуваа членовите на 48-те европски земји учеснички на ЕМОФ 2025, Тимот на бегалци под покровителство на ЕОК и тимот на Националниот олимписки комитет на Белорусија

СКОПЈЕ (АА) - 18-тиот Летен европски младински олимписки фестивал (EМOФ) 2025 свечено беше отворен со церемонија што се одржа во Скопјe, јавува Анадолу.
Свеченото отворање се одржа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопјe, а на парадата учествуваа членовите на 48-те европски земји учеснички на ЕМОФ 2025, Тимот на бегалци под покровителство на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) и тимот на Националниот олимписки комитет на Белорусија.
Зборувајќи на церемонијата на отворањето на фестивалот, организиран под слоганот „Заедно играме, заедно блескаме“, претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, рече дека е голема честа да се биде земја домаќин на летниот ЕМОФ на кој што се собраа повеќе од 4.000 спортисти кои ја манифестираат убавата страна на сегашноста и ја гарантираат светлата иднина на европскиот и светскиот спорт.
„Храбро и со задоволство го прифативме предизвикот да го организираме и реализираме овој настан“, истакна Силјановска-Давкова во своето обраќање.
„Верувам дека како држава, како општество и како граѓани уште еднаш ќе покажеме и докажеме дека сме хумани и добри домаќини“, рече Силјановска-Давкова прогласувајќи го ЕМОФ 2025 за отворен.
Спирос Капралос, претседател на Европските олимписки комитети, нагласи дека се горди што Северна Македонија стана 17-та земја домаќин на летниот ЕМОФ и додаде „Сигурни сме дека ова издание ќе се памети по својата топла енергија и дух“.
Тој упати искрена благодарност до нивните пријатели во Осијек, Хрватска, кои се вклучија да бидат домаќини на гимнастичките настани. „Тоа е вистински сјаен пример за европска соработка.“ рече тој,
Како дел од програмата беше одржан и концерт.
На ЕМОФ 2025 учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти на возраст од 14 до 18 години.
Главно место на поголемиот број спортски настани, кои ќе вклучуваат 15 спортови, ќе биде Скопјe. Натпреварите во некои дисциплини ќе се одржат во Куманово, додека спортските натпревари во уметничка гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска.
На ЕМОФ 2025, екипите ќе се натпреваруваат во стрелаштво, атлетика, бадминтон, кошарка, кошарка 3x3, велосипедизам, планински велосипедизам, уметничка гимнастика, џудо, кајак, пинг-понг, ракомет, одбојка, таеквондо и пливање.
Фестивалот ќе заврши на 26 јули.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.