Doğa Kırmızıoğlu
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
АНКАРА
Леброн Џејмс, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, актуелниот шампион на НБА, подолго време ќе отсуствува од теренот поради повреда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави клубот се истакнува дека во текот на натпреварот во кој Лос Анџелес Лејкерс како домаќин загуби од Атланта Хоукс со 94:99, се повредил 36-годишниот Леброн Џејмс. Како што се наведува во соопштението на Лејкерс, Леброн има сериозно истегнување на десната нога и засега не се знае датумот кога ќе може да се врати на теренот.
Во вестите објавени во американските медиуми се истакнува дека поради повредата, Џејмс најмалку еден месец ќе биде надвор од теренот, а дека е можно тој период да биде и многу подолг.
По повредата, Џејмс на социјалната мрежа Твитер напиша објава во која вели: „Ништо не ме боли и не ме нервира повеќе од тоа што не можам да им помогнам на моите соиграчи на теренот. Навистина сум скршен. Започна процесот на моето закрепнување. Наскоро ќе се вратам, како воопшто и да не сум заминал.“