Abdula Berisha
01 Октомври 2023•Ажурирај: 02 Октомври 2023
СКОПЈЕ (АА) - Атлетичарот Виктор Киплагат од Кенија е победник на 19. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, јавува Анадолу.
Киплагат патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа.
Втор до целта стигна пред неговиот сонародник Чериот Лабан со време од 2:16:03, додека трет беше македонскиот атлетичар Дарио Ивановски со резултат 2:19:08.
Во женска конкуренција победничка беше Рут Матебо од Кенија со време 2:08:48.
Во полумаратонската трка во должина од 21 километри најбрзи беа македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова во женска конкуренција и Бен Фелтон од Велика Британија во машка конкуренција.
Организаторите претходно информираа дека преку 11.000 натпреварувачи од 53 земји учествуваат на 19. издание на маратонот.
Најголемиот број на учесници е забележан пред четири години, кога учествуваа околу 12.500 лица.
Одржувањето на „Виз Ер Скопски маратон 2023“, покрај генералниот спонзор „Виз Ер“, го помогнаа покровителите Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Канцеларијата на Европската Унија, Македонски олимписки комитет и други.