Dejan Maksimovic
04 Октомври 2023•Ажурирај: 05 Октомври 2023
АНКАРА (АА)
Фудбалерите на Галатасарај синоќа на стадионот „Олд Трафорд“, во рамките на натпреварите од второто коло на групата А од групната фаза на УЕФА Лигата на шампиони извојуваа голема победа од 2:3 по пресвртот против Манчестер Јунајтед, известува Анадолу.
Манчестер поведе во 17. минута кога по извонредниот центаршут на Маркус Рашфорд истрча Расмус Хојлунд и со глава ја затресе противничката мрежа. Само 6 минути подоцна Галатасарај го израмни резултатот. Вилфред Заха извонредно ја искористи лошата реакција во одбраната на Диогу Далот и го совлада Андре Онана за 1:1.
Водството на домаќините повторно го врати одличниот Хојлунд во 67. минута кога по соло продор по вторпат ја затресе мрежата на Фернандо Муслера за водство на Манчестер од 2:1. Не се чекаше долго за одговорот на Галатасарај. Во 71. минута Галатасарај со голот на Керем Актуркоглу го изедначи резултатот на 2:2.
Во 76. минута од средбата голманот Онана направи голема грешка во обид топката пред голот да му ја додаде на еден од своите соиграчи. Тоа го искористи Дрис Мертенс кој ја пресече топката и влезе во шеснаестерецот на Манчестер, каде беше фаулиран од Касемиро, по што судијата досуди удар од белата точка, а на Касемиру му додели жолт картон. Тоа беше втор жолт картон за Касемиро, автоматски црвен картон, и Манчестер Јунајтед го продолжи натпреварот со 10 играчи. Пеналот го изведе Мануел Икарди, но искусниот голгетер не успеа да го совлада Онана, упатувајќи ја топката покрај левата статива. Сепак, Икарди успеа да го надомести пропуштеното и во 81. минута со лоб го совлада Онана за победа на Галатасарај на „Олд Трафорд“.
Извонреден натпревар, исполнет со пресврти и возбуда одиграа Наполи и Реал Мадрид во Неапол во рамките на групата Д, за на крајот да слават гостите со резултат 2:3. Стрелци на головите беа Винициус Џуниор во 27. минута, Џуд Белингамво во 34. и Алекс Мерет во 78. минута (автогол). Погодоците за Наполи ги постигнаа Лео Естигор во 19. минута и Пјотр Зелински во 54. минута со удар од белата точка.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во Лигата на шампиони:
Група А
Манчестер Јунајтед - Галатасарај 2:3
Копенхаген - Баерн Минхен 1:2
Група Б
Ленс - Арсенал 2:1
ПСВ Ајндховен - Севиља 2:2
Група Ц
Унион Берлин - Брага 2:3
Наполи - Реал Мадрид 2:3
Група Д
Интер - Бенфика 1:0
РБ Салцбург - Реал Сосиедад 0:2