Ekip
04 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
ШТУТГАРТ (АА) - Германскиот репрезентативец Сами Кедира купи 1.200 влезници за вечерашната средба на Германија и Норвешка во Штутгарт, кои ги донираше во хуманитарни цели, пренесува Anadolu Agency (AA).
Играчот од Јувентус обезбеди 1.200 влезници за деца во социјално-економска неповолна положба и за деца заболени од рак.
„За мене е важно не само да се донираат парите, туку и децата да имаат корист од тоа. Голем број од нив не би имале можност да присуствуваат на натпреварот од различни причини, финансиски или логистички“, изјави Кедира.
Квалификацискиот меч во којшто актуелните светски прваци имаат можност да обезбедат пласман за Светското првенство во Русија 2018 година, се игра во арената „Мерцедес-бенз“, со почеток од 20.45 часот.
За да се пласираат Германците, потребно е и репрезентацијата на Република Чешка да ја порази второпласираната Северна Ирска во Белфаст.