Gorana Jakovljevic
17 Јули 2023•Ажурирај: 19 Јули 2023
ЛОНДОН (АА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, прв на светската АТП-листа, успеа во финалето на тенискиот турнир Вимблдон во Лондон да го победи Новак Ѓоковиќ со резултат 3:2 во сетови, известува Анадолу.
На Алкараз ова му беше прво финале на Вимблдон, а тој дојде до својата втора Гренд слем титула.
Во овој неверојатен натпревар што се играше речиси 5 часа, Ѓоковиќ го освои првиот сет без поголеми тешкотии со резултат 6:1. Во вториот сет Алкараз ја поправи играта, а кај Ѓоковиќ се забележа мал пад. Алкараз го освои вториот сет со резултат 7:6 во тајбрејк. Третиот сет Шпанецот успеа да го освои со резултат 6:1, а во четвртиот сет Ѓоковиќ се созема и со резултат 6:3 успеа да го изедначи резултатот во финалето на 2:2. Во одлучувачкиот петти сет Алкараз славеше со резултат 6:4 и победа над Ѓоковиќ од 3:2 за триумф на Вимблдон.
Новак Ѓоковиќ пред ова финале имаше неверојатна низа од победи на Централниот терен на Вимблдон, односно седум титули на најпрестижниот турнир и можност да се изедначи со Роџер Федерер кој има освоено осум титули. Ѓоковиќ со 23 победи на Гренд слем турнирите се наоѓа на врвот на листата на тенисери што имаат најголем број шампионски титули на овие натпреварувања.