Burak Bir
08 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Единствената трка на интерконтинентално трчање во светот „42. Маратон на Истанбул“ (42. Istanbul Marathon) започна денес со ограничено учество на 4.000 атлетичари поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Маратонот започна во 09:00 часот по локално време од европската страна на Истанбул, и ќе заврши во истата точка, додека тркачите за прв пат во историјата на овој настан два пати ќе поминат низ мостот на Босфорот.
Почетната точка на овогодинешниот маратон беше местото Јеникапи во европската страна на градот, наместо „Мостот на загинати херои од 15 јули" во азиската страна.
Тркачите мостот ќе го поминат нудејќи спектакуларен изглед на Босфорот и ќе посетат бројни историски места, вклучувајќи и џамиите „Султан Ахмед" и „Ајасофија".
- Мерки против Ковид-19
Атлетичарите трчаат на дистанца од 42 километри на посебна писта со мерки против пандемијата.
Спроведувањето на безбедносната зона се спроведува за прв пат како дел од мерките против овој вирус.
Тркачите и вработените во оваа зона влегуваат со код од „Hayat Eve Sigar“, мобилна апликација создадена за минимализирање на ризикот на Ковид-19.
Покрај овој настан, организирана е и виртуелна трка од 5, 10 и 15 километри под мотото „Трчај само со нас“.
Учесниците може да се регистрираат на интернет и да ја истрчат оваа дистанца во било кое место. Но, постои ограничување на квотите поради мерките на коронавирусот.
Истанбулскиот Маратон се организира од страна на метрополитската општина Истанбул и „Spor Istanbul“, а спонзори се Институтот за плаќање „N Kolay“, филијала на „Aktif Invest Bank“.