Burak Bir
07 Ноември 2020•Ажурирај: 08 Ноември 2020
АНКАРА
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Азербејџан се приближува до победа и ослободување на Нагоро-Карабах од повеќедецениската ерменска окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се приближуваме до победа", рече Ердоган на конгресот на владејачката партија на правдата и развојот (АК Партија) во турската област Кахраманмарас.
Ердоган рече дека телефонски разговарал со азербејџанскиот колега Алијев и дека е среќен што слушнал добри вести.
Ерменските сили на 27 септември започнале нови напади врз населбите и воените положби на Азербејџан, а азербејџанската војска одговорила со операција со цел ослободувње на окупираните региони.
Турција го поддржа Азербејџан во покренување операција за ослободување на територијата, а највисоките функционери од Анкара порачаа дека Турција е спремна со сите свои ресурси да ја поддржи таа оправдата борба на азербејџанските браќа.
Од 1991 година ерменската војска илегално го окупира Нагорно-Карабах и седум соседни региони кои се меѓународно признаена територија на Азербејџан и сочинуваат петтина од вкупната територија на таа земја.
Четири резолуции на Советот за безбедост на Обединетите нации и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повќекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно Карабах и од уште седум окупирани азербејџански региони.