Orhan Onur Gemici
08 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
АНКАРА
Во акцијата на турските безбедносни сили, со посебен фокус на подрачјето на градот Адана, спроведена е акција насочена против припадниците на терористичката организација ДЕАШ во која се приведени 19 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на полицијата се наведува дека операцијата е насочена против активностите на ДЕАШ, а врз ознова на дешифрирани разговори и добиени информации.
Во текот на приведувањето на 19 лица, запленети се и околу 500 грама експлозивен материјал, поголема количина оружје и документи и дигитален материјал.
Приведените лица се сомничат дека планирале активности и напади на полициски функционери, стражари во населбите, киднапирање на пратеници, високопозиционирани бирократи, бизнисмени, туристи и судии.