Doga Kirmizioglu
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Шведскиот фудбалски репрезентативец и член на англискиот Манчестер Јунајтед, кој поради повреда надвор од теренот од април оваа година, изјави дека се враќа подобар од било кога, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ибрахимовиќ, кој во април доби сериозна повреда на коленoтo, во интервју за клубскиот магазин „Inside United” изјави дека неговата здравствена состојба се подобрува.
„Се чувствувам многу добро. После операциите на коленото не помина ден, а да не продолжив со своето тренирање", изјави Ибрахимовиќ.
Швеѓаниниот со босански корени рече дека за време на опоравувањето не се одморил ниту ден.
„Кога ќе излезам на терен ќе бидам во уште подобра форма. Сега сум способен да играм, но сакам да бидам во подобра форма отколку порано. Се враќам подобар од било кога", изјави Ибрахимовиќ во својот стил.
Во изминатата сезона за Манчестер Јунајтед постигна 28 гола, а договорот со „црвените ѓаволи" го продолжи до крајот на оваа сезона.