спорт

За првпат во НБА: Играчи од двете екипи постигнаа трипл-дабл со над 40 поени

- За првпат во историјата на НБА, во натпреварот во кој Рокетси го совладаа Хоукс со 122 : 115, играчи од двата тима имаа трипл-дабл учинок, постигнувајќи повеќе од 40 поени

Doğa Kırmızıoğlu  | 09.01.2020 - Обновена : 09.01.2020
За првпат во НБА: Играчи од двете екипи постигнаа трипл-дабл со над 40 поени

АНКАРА

Натпреварот меѓу Хјустон Рокетс и Атланта Хоукс во кој Хјустон излезе како победник, влезе во историјата на американската Национална кошаркарска лига со нов статистички рекорд, јавува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Хјустон Рокетс, кој е дел од Западната конференција, на домашен терен ја пречека екипата на Атланта Хоукс. Домаќините победија со 7 поени разлика, постигнувајќи ја својата 25. победа сезонава. Но покрај тоа, овој натпревар влезе во историјата на НБА, благодарение на извонредниот перформанс на двајца играчи.

Sвездата на Рокетси, Џејмс Харден, постигна трипл-дабл учинок од 41 поен, 10 скока и 10 асистенции, додека Тре Јанг од редовите на Хоукс го заврши натпреварот со трипл-дабл од 42 поени, 13 скока и 10 асистенции. Ова е првпат во историјата на НБА, играчи од спротивните табори на еден натпревар да имаат трипл-дабл учинок, со постигнати повеќе од 40 поени.


- Во неизвесен натпревар победник Нагетс

На натпреварот во кој Денвер Нагетс му гостуваше на Далас Маверикс, еден наспроти друг играа Словенецот Лука Дончиќ и Србинот Никола Јокиќ. На натпреварот се водеше голема борба, а на крајот со 1 поен разлика победија Нагетс со 106 : 107.

Нагетс ја постигнаа својата 26. победа сезонава, а Јокиќ со постигнати 33 поени, 7 асистенции и 6 скока даде голем удел во успехот на гостински терен. Покрај Јокиќ, добра игра прикажаа и Џереми Грант со 15 поени, 5 скока и 2 асистенции и Џамал Мареј со 14 поени, 5 асистенции и 3 скока.

Маверикс го претрпеа 14. пораз сезонава, а Дончиќ постигна дабл-дабл од 27 поени, 10 асистенции и 9 скока, но тоа не беше доволно за да се спречи поразот. Покрај него, Двајт Пауел постигна 16 поени, 8 скока и 3 асистенции, а Тим Хардавеј натпреварот го заврши со 15 поени и 2 асистенции.


Вечер на програмата се 4 натпревари. Се среќаваат:

Филаделфија Севентисиксерс - Бостон Селтикс

Детроит Пистонс - Кливленд Кавалирс

Минесота Тимберволвс - Портланд Треил Блејзерс

Оклахома Сити Тандер - Хјустон Рокетс


Резултати од синоќа одиграните натпревари:

Шарлот Хорнетс - Торонто Репторс 110 : 112 (во продолжеток)

Индијана Пејсерс - Мајами Хит 108 : 122

Бостон Селтикс - Сан Антонио Спарс 114 : 129

Орландо Меџик - Вашингтон Визардс 123 : 89

Далас Маверикс - Денвер Нагетс 106 : 107

Атланта Хоукс - Хјустон Рокетс 115 : 122

Њу Орлеанс Пеликанс - Чикаго Булс 123 : 108

Јута Џез - Њујорк Никс 128 : 104

Голден Стејт Вориорс - Милвоки Бакс 98 : 107



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.