Elvir Hociç
20 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
ПАРИЗ (AA) - По вечерашните натпревари од третото коло во групата „A“ домаќинот Франција и Швајцарија се изборија за пласман во осмина финалето од Европското првенство, јавува Anadolu Agency (AA).
Франција и Швајцарија во мечот на стадионот „Pierre Mauroy“ во Лил завршија со непопуларен резултат - 0:0.
Избраниците на швајцарскиот селектор Владимир Петковиќ можеа да бидат задоволни со фактот дека мрежите вечерва не се тресоа бидејќи Франција имаше значително поизгледни шанси за постигнување пол, „Триколорите“ дури три пати пречка погодуваа.
Вториот меч од последното коло од групата „A“ на градскиот стадион во Лион одиграа селекциите на Романија и Албанија, а дебитантот на ЕУРО, Албанија, оствари прва победа на смотрата на најдобрите селекции на Стариот континент.
Армандо Садику во 43 минута од натпреварот го постигна историскиот, прв погодок на Албанија на ЕУРО, што ќе се испостави доволно за освојување на трите бода.
Франција во групната фаза заврши како првопласирана во групата "А" со седум бода, Швајцарија, во втората група со пет и одвете селекции одат во втората фаза од натпреварувањето. Романија како последно пласирана екипа со еден бод се опрости од натпреварувањето, а Албанија сеуште има надеж дека со три бода ќе заврши како една од четири третопласирани репрезентации од шест групи кои ќе се изборат за осмина финале.