Emre Aşıkçı
14 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Ерин Џексон, натпреварувачката на американскиот тим во брзо лизгање, стана првата Афроамериканка која го има освоено златен медал во поединечна категорија на Зимските олимписки игри (ЗОИ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа го потврди тимот на САД на Твитер наведувајќи дека Џексон во Пекинг го освои златниот медал со време од 37,04 секунди во дисциплината на 500 метри.
Оваа 29-годишна спортистка е првата Афроамериканка која има освоено злато во брзо лизгање на Олимписките игри по Бони Блер во 1994 година.
Кога е во прашање вкупниот распоред на земјите на ЗОИ кои се одржуваат во Пекинг, Норвешка е на прво место со 21 медал и тоа 9 златни, 5 сребрени и 7 бронзени медали, а зад неа е Германија чии спортисти досега имаат освоено 8 златни, 5 сребрени и 1 бронзен медал.