Süha Gür
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - СУХА ЃУР - Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас привлекува внимание со покажаните способности оваа сезона во дресот на турскиот фудбалски клуб Фенербахче, пишува Anadolu Agency (AA).
Елмас во првиот дел на минатата сезона не успеа да игра поради немањето лиценца којашто не можеше да се добие поради неговата возраст, а во вториот дел од минатата сезона со дресот на Фенербахче одигра на пет натпревари. Тој оваа сезона успеа да влезе меѓу неопходните играчи.
Осумнаесет годишниот Елмас во 5. коло во сезоната речиси стана спасувач на својот клуб во мечот против „Атикер Коњаспор“, каде го постигна голот кој му донесе победа на Фенербахче, клуб којшто во првите четири кола освои само 3 бодови.
Елмас стана еден од неопходните играчи на тренерот Филип Коку.
Младиот фудбалер оваа сезона одигра во сите седум натпревари со дресот на Фенербахче, од кои 2 натпревари во квалификациите на Лигата на шампионите на УЕФА, и 5 во лигата.
Елмас кој минатата сезона не успеа да постигне ниту еден погодок, во оваа сезона го постигна и својот прв погодок во дресот на овој клуб на натпреварот против холандскиот клуб Фејенорд, кој беше одиграт пред почетокот на оваа сезона.