Elvir Hociç
14 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Продолжението на Европското фудбалско првенство во Франција денес носи две средби од групата „F“ со што ќе биде завршено првото коло од групната фаза, откако ќе се сретнат Австрија и Унгарија, а потоа Португалија и Исланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Петтиот ден на ЕУРО 2016 е резервиран за средби од групата „F“, а први во 18:00 часот на теренот на градскиот стадион во Бордо ќе излезат репрезентативците на соседските ривали Австрија и Унгарија. Тоа ќе биде 138 меѓусебен дуел на двете селекции, а прв на завршницата на Европските првенства. Унгарците досега беа успешни со 60 победи, 40 порази и 31 реми. Меѓутоа Австријците може да се пофалат со победата на единствениот меч кои го имаат играно тие две селекции на завршницата на Светските првенства и тоа далечната 1934 година.
Во втората средба резервирана за 21:00 часот на стадионот „Geoffroy Gulchard“ во Сен Етјен силите ќе ги одмерат Португалија и Исланд.
Предводен од страна на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо, Португалија во Франција дојде со големи амбиции, а првиот тест ќе го има вечерва во дуелот со Исланд.
Исланѓаните, исто така, имаат свои планови за да ѝ ги помешаат сметките на фаворизираната Португалија и да ја израдуваат нацијата на својот прв настап на завршницата на Европското првенство.
- 14 јуни -
Бордо (18:00): Австрија - Унгарија
Сен Етјен (21:00): Португалија - Исланд