спорт

Двајца фудбалери на Бешикташ позитивни на Ковид-19

„Веднаш се покренати процедури во врска со следење на третманот на фудбалерите чии тестови биле позитивни", соопштено е од клубот Бешикташ

Emre Doğan  | 25.06.2020 - Обновена : 27.06.2020
Двајца фудбалери на Бешикташ позитивни на Ковид-19

ИСТАНБУЛ

Двајца фудбалери на турскиот прволигаш Бешикташ се позитивни на коронавирусот (Ковид-19), соопштено е од клубот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението објавено на интернет страницата на клубот, се наведува дека тестирањето на сите фудбалери, стручниот штаб и вработените на комплексот БЈК Невзат Демир на коронавирус е извршено на 24 јуни.

„Резултатите на тестовите покажаа дека двајца фудбалери се позитивни на Ковид-19. Веднаш се покренати процедури во врска со следење на третманот на фудбалерите чии тестови биле позитивни", се наведува во соопштението од клубот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın