Muhammed Enes Çallı
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
АНКАРА
Победата на Челзи против Манчестер Сити со 2-1, на Ливерпул му ја донесе 30 години очекуваната титула првак на Англија, јавува Агеција Анадолија (АА).
Со ова, Ливерпул ја заврши долгогодишната агонија и ја освои 19 титула во клупската историја. Титулата најдобар англиски клуб за сезоната 2019/2020 Ливерпул ја обезбеди дури седум кола пред крајот на првенството и со 23 поени предност.
Челзи вечерва на свој терен ги совлада актуелните англиски прваци, екипата на Пеп Гвардиола со резултат 2:1.
Головите за Челзи ги постигнаа Кристијан Пулишиќ и Вилиан, а стрелец на единствениот гол за гостите беше Кевин де Брујне. Фернандињо го напушти теренот во 77 минута по црвениот картон поради играње со рака.
Челзи ги зголеми бодовите на 54 и се најде на четвртото место на ранг листата од англиската Премиер Лига.