Emre Aşıkçı
15 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот олимписки комитет одзел вкупно 149 медали поради прекршување на правилата против допинг во својата историја, а во најголем број случаи се вклучени руски спортисти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Русија беше во центарот на неколку допинг скандали, со 46 олимписки медали што ги освоија руските спортисти, кои подоцна беа отповикани поради прекршување на правилата против допинг.
11 олимписки медали им беа одземени на белоруските и на украинските спортисти поради употреба на забранети супстанции, додека на спортистите што ја претставуваат централноазиската земја Казахстан им се одземени вкупно девет медали.
Во однос на спортските дисциплини, најмногу мерки за прекршување на правилата против допинг досега се преземени против оние што се натпреваруваат во атлетика и кревање тегови, со по 50 прекршоци.