Doga Kirmizioglu
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
АНКАРА
Возбудата во Светскиот шампионат во Формула 1 продолжува со 12. трка сезонава за Големата награда на Унгарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Будимпешта, главниот град на Унгарија, на патеката „Хунгароринг“ во недела на 4 август со почеток во 15:10 часот ќе се одржи трката за Големата награда на Унгарија. На патеката со должина од 4.381 метар, возачите на Формула 1 ќе се борат кој побргу ќе ги извози 70-те круга за пехарот на Унгарија. Во сабота, 3 август, со почеток во 15:00 часот ќе започне борбата за полпозициите на трката.

Последните 5 години, прваци во Светскиот шампионат во Формула 1 се возачите на Мерцедес, а оваа година постигнаа 9 победи на 11 трки. Британецот Луис Хамилтон, кој вози за Мерцедес, годинава успеа да победи на 7 трки, додека неговиот клупски колега Валтери Ботас избори 2 победи.
Возачот на Ред Бул - Хонда, Холанѓанецот Макс Верштапен, сезонава успеа 2 пати да се искачи на бината како победник.
Пласман на првите пет возачи и тимови на Формула 1 пред трката за Големата награда на Унгарија:
- Пласман на возачи:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 225 поени
2. Валтери Ботас (Финска) 184
3. Макс Верстапен (Холандија) 162
4. Себастијан Фетел (Германија) 141
5. Шарл Леклер (Монако) 120
- Пласман на тимови:
1. Мерцедес 409 поени
2. Ферари 261
3. Ред Бул 217
4. Мекларен 70
5. Торо Росо - Хонда 42