Hüseyin Burak Demirer
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Фудбалските клубови во светот во 2018 година потрошиле 7,03 милијарди долари за трансфери, пренесува Anadolu Agency (AA).
ФИФА, користејќи го Меѓународниот систем за усогласување на трансферите (ИТМС), подготви извештај, според кој, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2018 година, бројот на трансфери на глобално ниво, во однос на 2017 година, е зголемен за 5,6 отсто и изнесува 16.533.
Трошоците што се направени за трансфери на глобално ниво во истиот период се зголемени за 10,3 отсто во однос на претходната година и изнесуваат 7,03 милијарди долари. Од оваа вредност, 78,2 отсто се сума од трансфери извршени во европските клубови.
Минатата година, 31 клуб дадоа над 50 милиони долари за трансфер. Годинава, истите клубови учествуваат со повеќе од 50 отсто од трошоците во вкупната сума од 7,03 милијарди долари на глобално ниво.
Интересен е фактот дека клубовите од Саудиска Арабија, со трошоци за трансфери од 173,9 милиони долари, се наоѓаат на 7. позиција меѓу оние со најголеми трошоци во 2018 година.