Hüseyin Burak Demirer
03 Септември 2021•Ажурирај: 04 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Холандија овој викенд е домаќин на 13. трка на Светскиот шампионат во Формула 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тринаесеттата трка од Шампионатот ќе се одржи на патеката „Зандворт“ долга 4.259 метри, сместена во истоимениот град на брегот на Северното Море.
Големата награда на Холандија по 36 години се враќа на Светскиот шампионат во Формула 1.
Натпреварите за полпозициите на ГП на Холандија ќе започнат в сабота (4 септември) во 15:00 часот.
Трката на која ќе се возат 72 круга започнува во 15:00 часот в недела, 5 септември.
Во досегашното натпреварување во Светскиот шампионат во Формула 1, Макс Верстапен од тимот на Ред Бул-Хонда победи на 6 трки, Луис Хамилтон од Мерцедес победи на 4 трки, додека Серхио Перез од Ред Бул-Хонда и Естебан Окон од тимот на Алпин извојуваа по една победа.
Пласман на првите 5 возачи и тимови во Формула 1
Пласман на возачи:
1. Луис Хамилтон: 202,5 поени
2. Макс Верстапен: 199,5 поени
3. Ландо Норис: 113 поени
4. Валтери Ботас: 108 поени
5. Серџо Перез: 104 поени
Пласман на тимови:
1. Мерцедес 310,5 поени
2. Ред Бул: 303,5 поени
3. Мекларен: 169 поени
4. Ферари: 165,5 поени
5. Алпин: 80 поени