Gorana Jakovljevic
06 Март 2023•Ажурирај: 07 Март 2023
ШАКИР (АА) - Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, победи вчера на првата трка сезонава во шампионатот во Формула 1 на трката за Големата награда на Бахреин, известува Анадолу (АА).
Актуелниот светски шампион во Фи дојде до својата прва победа на патеката Шакир, откако во претходните 8 учества на оваа патека, 5 пати не ја заврши трката.
На отворањето на сезоната, Верстапен славеше пред тимскиот колега, Мексиканецот Серхио Перез, додека третото место го освои Шпанецот Фернандо Алонсо од тимот на Астон Мартин.
Верстапен ја постигна својата 36. победа во кариерата.
Следната трка во Формула 1 ќе се одржи во Саудиска Арабија на 19 март.