ИСТАНБУЛ (АА) - Возбудата во Светскиот шампионат во Формула 1 за сезоната 2022 година започнува со Големата награда на Бахреин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Квалификациите за полпозициите започнуваат утре, 19 март, со почеток во 16:00 часот. Трката за Големата награда на Бахреин стартува в недела, 20 март, во 16:00 часот, а возачите на Формула 1 на патеката во Бахреин долга 5.412 метри, ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 57-те круга.
Во новата сезона во Формула 1, најгледаната светска автомобилска спортска организација, сезонава ќе се возат 22 трки по исклучувањето на трката во Русија. Сезоната завршува со Големата награда на Абу Даби на 20 ноември, освен ако нема промена во распоредот поради епидемијата со коронавирусот или која било друга причина.
Минатата година, во последната трка која го одзеде здивот, Холанѓанецот Макс Верстапен, возач на Ред Бул, во последниот круг го претрка Англичанецот Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, и минувајќи прв под карираното знаме, извојува победа и ја освои својата прва шампионска титула во Формула 1.
Во натпреварот на конструктори Шампионатот го освои тимот на Мерцедес, освојувајќи ја својата осма титула.
- Луси Хамилтон е најуспешен возач на патеката во Бахреин -
Британецот Луис Хамилтон е возач со најголем број победи на патеката во Бахреин, кој по 18-ти пат се подготвува да биде домаќин на трките во Формула 1.
Хамилтон (37) со болидот на Мерцедес на ГП Бахреин извојува победа во сезоните 2014, 2015, 2019, 2020 и во 2021 година.
Тимовите на Мерцедес и Ферари имаат по шест победи во Бахреин.
- Единствен дебитант на патеката ќе биде Кинезот Гуанју -
На трката за Големата награда на Бахреин ќе се најдат и Луис Хамилтон од Мерцедес и Фернандо Алонсо од Алпин како возачи кои победиле на оваа патека.
Во неделната трка во Бахреин ќе учествуваат 19 возачи кои и претходно се натпреварувале на оваа патека, а Кинезот Џоу Гуанју, возачот на Алфа Ромео, за првпат ќе биде дел од возбудувањата во Формула 1.
Германецот Себастијан Фетел, возачот на Астон Мартин, досега четирипати се искачи на подиумот во Бахреин како победник, но ќе ја пропушти првата трка сезонава поради коронавирусот.
- Календарот на Формула 1 за 2022 година -
Распоредот за Светскиот шампионат во Формула 1 за 2022 година е следен:
20 март: Голема награда на Бахреин
27 март: Голема награда на Саудиска Арабија
10 април: Голема награда на Австралија
24 април: Голема награда на Емилија Ромања
8 мај: Голема награда на Мајами
22 мај: Голема награда на Шпанија
29 мај: Голема награда на Монако
12 јуни: Голема награда на Азербејџан
19 јуни: Голема награда на Канада
3 јули: Голема награда на Велика Британија
10 јули: Голема награда на Австрија
24 јули: Голема награда на Франција
31 јули: Голема награда на Унгарија
28 август: Голема награда на Белгија
4 септември: Голема награда на Холандија
11 септември: Голема награда на Италија
2 октомври: Голема награда на Сингапур
9 октомври: Голема награда на Јапонија
23 октомври: Голема награда на САД
30 октомври: Голема награда на Мексико
13 ноември: Голема награда на Бразил
20 ноември: Голема награда на Абу Даби
news_share_descriptionsubscription_contact
