Selçuk Buğra Gökalp
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Ведат Муриќи од тимот од Серијата А, Лацио, заминува на позајмица во Ла Лига, во тимот на Мајорка, објави шпанскиот клуб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Косовскиот репрезентативец потпиша договор со Мајорка до крајот на актуелната сезона.
Поранешниот фудбалер на Фенербахче, постигна два гола и две асистенции за Лацио во своите 49 настапи.
27-годишниот играч има реализирано 18 гола во 37 натпревари за Косово.