Yunus Kaymaz
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Англискиот фудбалски клуб Ливерпул, постигна договор со португалскиот клуб Бенфика за трансферот на уругвајската ѕвезда Дарвин Нуњес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Бенфика се истакнува дека е постигнат договор со Ливерпул за трансфер на 22-годишниот уругвајски фудбалер за 100 милиони евра заедно со бонуси (нето 75 милиони евра).
Се очекува Нуњес денеска да замине за Ливерпул за да потпише шестгодишен договор.
Уругваецот ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Ливерпул со 100 милиони евра. Претходниот рекорд го собори холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дајк, кој во 2018 година беше купен од Саутемптон за 85 милиони евра.
Нуњес минатата сезона за Бенфика настапи на 41 натпревар, постигнувајќи 34 гола.