Ercan Doğan
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалер и доскорешен член на шпанската Барселона, Арда Туран, премина во редовите на истанбулскиот прволигаш Медипол Башакшехир, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди претседателот на фудбалскиот клуб Медипол Башакшехир, Ѓоксел Ѓумушдаг, кој трансферот на Арда Туран го објави на Твитер профилот на клубот.
„Арда Туран денес во татковината се враќа во портокалов дрес (Башакшехир). Ова не е трансфер само на Медипол Башакшехир, туку и на Турција. Нека ни е со среќа на сите“, напиша Ѓумушдаг.
Арда Туран од редовите на турскиот прволигаш Галатасарај во 2011 година премина во екипата на шпанскиот Атлетико Мадрид. По четири сезони поминати во Мадрид, Арда во 2015 година премина во Барселона, за која забележа 35 настапи и постигна пет погодоци.