Hüseyin Burak Demirer
26 Август 2020•Ажурирај: 28 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Грчкиот репрезентативец и кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо (25), е прогласен за одбранбен играч на годината во НБА-лигата, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на веб-страницата на НБА се вели дека грчкиот кошаркар со потекло од Нигерија е прогласен за најдобар одбранбен играч по гласањето во кое учествувале 100 спортски новинари од повеќе земји, оставајќи ги зад себе Ентони Дејвис (Лос Анџелес Лејкерс) и Руди Гоберт (Јута Џез).
Антетокунмпо, кој беше најкорисен играч (МВП) во редовната сезона 2018/19, за првпат во својата каиера ја доби наградата „Defender of the Year“ и со тоа стана петтиот играч што ги има освоено двете награди во својата кариера, по Мајкл Џордан, Хаким Олајвон, Дејвид Робинсон и Кевин Гарнет.
Антетокунмпо значително придонесе Бакс да стане лидер во лигата со 53 победи и 12 порази до 11 март, кога сезоната беше прекината поради епидемијата на коронавирусот, остварувајќи просек од 11,5 одбранбени скокови по натпревар. Ал-стар играчот, исто така, во просек имаше 1,04 украдени топки и 1,02 блокади.