Emre Aşıkçı
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Вториот тениски рекет во светот, Новак Ѓoковиќ, денеска, во рамките на Австралијан опен 2020, го порази Милош Раониќ од Канада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Седумкратниот победник на Австралијан опен го совлада Раониќ со 6:4, 6:3, 7:6 и стигна до полуфиналето, во мечот кој траеше 2 часа и 49 минути.
Ѓоковиќ во полуфиналниот натпревар в четврток ќе се соочи со тениската легенда, Швајцарецот Роџер Федерер, по 50. пат во својата кариера. Тие досега се соочија 49 пати, во кои Ѓоковиќ го порази Федерер во 26 меча.
„Огромна почит кон Роџер поради сè што постигна во овој спорт и за тоа што е еден од велемајсторите во овој спорт. Дефинитивно е еден од моите два најголеми ривали“, рече Ѓоковиќ по натпреварот.
„Ова го кажувам многупати и пак ќе повторам: Мечевите против Роџер и Рафа ме направија играч каков што сум денес, така што благодарен сум што имав толку многу одлични мечеви со нив.“
Шесткратниот победник на Австралијан опен, Роџер Федерер, во денешниот меч по победата над 100-рангираниот Американец Тенис Сандгрен со 3:2 за време од 3 часа и 31 минута, влезе во полуфиналето.
Сто и осмото издание на Австралијан опен започна на 20 јануари и ќе трае до 2 февруари.