Ekipa
04 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
РАМАЛА (АА) – Комитетот за следење на прекршоците на Израел против палестинските фудбалери, во рамките со Меѓународната фудбалска федерацијa (ФИФА), соопшти дека прекршоците на Израел кон палестинските спортисти се сметаат како прекршување на меѓународните правила, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во извештајот подготвен од страна на Комитетот за следење во рамките на ФИФА, кој ќе биде предаден на Конгресот, се наведува дека на Израел му е изречен „жолт картон“ во траење од 6 месеци, со цел да провери дали Израел ги почитува правилата и прописите на ФИФА“, истакна претседателот на Палестинската фудбалската федерација, Сибрил eр-Ракуб, на прес-конференцијата одржана во појасот Ер-Рам, кој се наоѓа во северниот дел на Ерусалим.
Во извештајот се вели дека прекршоците на Израел кон палестинските спортисти се сметаат за прекршување на спортските правила на ОН, како и на меѓународните спортски правила. Тој нагласи дека во случај израелската Фудбалска федерација да не го земе предвид ова предупредување, според член 72, кој вели „забрането е која било федерација да врши спортски активности во рамките на територијата на друга држава“, случајот ќе биде пренесен до управниот одбор на ФИФА.
„Но, доколку биде утврдено дека Израел ги прекршува правилата, предлог-мерките во извештајот треба да бидат посериозни и остри, како на пример Израелската федерација да биде исфрлена од ФИФА“, вели Ракуб и нагласи дека ќе ја почитуваат одлуката на комитетот.
Ракуб информираше дека предлогот на Комитетот ќе биде ставен на дневен ред на Конгресот на ФИФА, кој треба да се одржи на 11 мај, и дека за истиот предлог ќе се гласа на Конгресот.
„Сојузот на Палестинската фудбалска федерација го повторува своето барање дека не сака Израелската федерација да врши спортски активности во рамките на границите на Палестина од 1967 година. Исто така, Палестинската федерација освен правото за развивање и ширење на фудбалот, има право и за вршење спортски активности во странство, како и да биде домаќин на спортски клубови на нејзината територија“, вели тој.
Откако Палестинската фудбалска федерација доби гаранција дека нејзините фудбалери ќе бидат под заштита и дека ќе биде олеснето нивното движење, во мај 2015 година го повлече барањето за суспендирање на Израел од членството во ФИФА. По овие настани, ФИФА соопшти дека формирала комитет за следење, со цел да ги контролира прекршоците на Израел кокн палестинските спортисти.