Emre Aytekin
08 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
ПЕКИНГ (АА) - Џон Ли е именуван за нов градски извршен директор на Хонгконг, а станува збор за функционер кој го надгледуваше задушувањето на продемократските протести во тој регион, известува Агенција Анадолија (АА).
Ли освои 1.416 гласа од вкупно 1.500 членови на Изборната комисија. Гласањето било тајно, а 64-годишниот Ли стана првиот службеник за безбедност кој е избран за лидер на Хонгконг.
Поранешниот секретар за безбедност Ли беше единствениот кандидат на изборите, а должноста формално ќе ја преземе на 1 јули.
Ли е ставен на „црната листа на САД поради неговата улога во имплементацијата на Законот за национална безбедност кој го растури продемократското движење во Хонгконг пред две години.