Emre Aytekin
07 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
АНКАРА (АА) - И денеска продолжуваат протестите во Хонгконг, специјалниот административен регион на Народна Република Кина, во знак на протест за Нацрт-законот со кој се олеснува ектрадицијата на виновниците во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Саут Чајна морнинг пост“ (South China Morning Post) објави вест во која се вели дека и денеска илјадници демонстранти се собрале во центарот на градот на мирен марш, протестирајќи против законот кој премиерката Кери Лем му го предложи на Собранието, но поради протестите беше одложен, со барање за целосно откажување од овој нацрт-закон.
Протестниот марш се планира да се одржи од пристанишниот дел во паркот „Салибури Гарден“ до подрачјето на Западен Ковлун.
Организаторот на протестот истакнува дека очекува на протестниот марш да учествуваат повеќе од 2.000 лица.
Од друга страна, полицијата на Хонгконг ги зголеми безбедносните мерки на местото на крајната дестинација од протестниот марш.
- Протестите во Хонгконг околу Законот за екстрадиција на виновниците -
На 3 април пред Парламентот во Хонгконг беше приложен Нацрт-закон со кој се олеснува екстрадицијата во Кина, специјалниот административен регион Макао и Тајван, на лицата кои се осудени или обвинети за кривични дела во Кина.
Овој нацрт-закон предизвика реакции, бидејќи се смета дека тој може да го доведе во опасност автономниот статус на Хонгконг и да ѝ додели статус на старателство на администрацијата од Пекинг.
Во Парламентот на Хонгконг избувна тепачка меѓу пратениците кои се против законските измени, и оние кои ги поддржуваат, при што беа повредени голем број пратеници.
Опозицијата смета дека со законската измена Хонгконг ќе ја загуби својата самостојност, додека властите на Хонгконг сметаат дека станува збор за задолжителна регулатива која е дел од меѓународното право.
Опозицијата стравува дека доколку овој закон биде усвоен, тогаш е можно опозицијата во Хонгконг да биде земена како цел од страна на Кина.