Lokman İlhan
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
БОГОТА (АА) - Специјалниот мировен суд во Колумбија го ослободи лидерот на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) Александар Фарфан Суарез, кој е обвинет за вмешаност во киднапирањето на кандидатката за претседател на оваа земја, Ингрид Бетанкур, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија локалните медиуми, Суарез е обвинет за киднапирање во 2002 година, а откако поминал девет месеци во притвор, со одлука на Специјалниот мировен суд во оваа земја, беше ослободен со мерки за забрана.
Ингрид Бетанкур, која исто така е државјанин на Франција, беше киднапирана пред самите претседателски избори. Во рацете на ФАРК беше затворена шест години, а беше ослободена со акција на колумбиските сили во 2008 година.
Во акцијата на колумбиските сили заедно со Суарез беше уапсен и Герардо Агилар, исто така лидер на ФАРК. За Суарез е откриено дека тој ја чувал киднапираната Бетанкур.