Gökhan Kavak
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
АБУЏА (AA) - Нигериската војска дава награда од 8.000 долари за информација која ќе помогне во фаќање на Ебубекир Шеку, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на нигериската војска Сани Осман ја потврди информацијата за награда наведувајќи дека Шеку го напуштиле приврзаниците и дека имаат информација дека од војската бега на начин што се сокрива меѓу жените.
Поради нападите и судирите на оваа терористичка организација стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Во судирите со терористите на Боко Харам, не само во Нигерија, туку и во Чад, Нигер и Камерун досега се убиени повеќе од 20.000 луѓе, додека околу 2,3 милиони се раселени.