03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
ЊУЈОРК (АА) - Најбогатите Американци од листата на Форбс на 400 најбогати вредат рекордни 2,96 милијарди долари, што е пораст од 2,2 отсто во однос на 2018 година, пишува Anadolu Agency (AA).
Основачот и директор на „Амазон“, Џеф Безос, зазема прво место на листата на најбогати во Соединетите Американски Држави (САД) веќе втора година по ред. Неговото богатство во моментот изнесува 114 милијарди долари и е помалку во однос на една година претходно кога изнесуваше 160 милијарди долари.
Неговата поранешна сопруга Мекензи Безос прв пат се најде меѓу 15-те најбогати Американци со богатство од 36,1 милијарда долари.
Сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, се наоѓа на второ место, како и минатата година, но разликата меѓу него и Безос драстично се намали, на осум милијарди долари.
Освен Мекензи Безос, уште 18 богаташи се придружија на најбогатите Американци, а меѓу нив се наоѓаат и Тим Свини, чија компанија за видеоигри „Епик гејмс“ (Epic Games) стои зад популарниот „Фортнајт“, и Орландо Браво, кој тргува со приватен капитал и е прв милијардер роден во Порторико.
Минималната нето-вредност потребна за влез во екслузивниот клуб на американски богаташи не се промени во однос на минатата година и изнесува 2,1 милијарда долари.