Barış Seçkin,Şerife Çetin
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
РИМ (АА) - Лидерите на ЕУ зборуваа на отворањето на конференцијата на тема „The State of the Union“ во италијанскиот град Фиренца, која е дел од овогодишната серија активности по повод 9. мај, Денот на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
- „Брегзит е трагедија"
Претседателот на Европската комисија, Жан-Kлод Јункер, на првиот ден од конференцијата истакна дека Брегзит не треба да се зема како нешто вообичаено. „Брегзит е трагедија, не е мал настан. Напуштањето на ЕУ од страна на нашите британски пријатели е трагедија“, изјави тој.
Повикувајќи се на Брегзит, Јункер рече: „Ќе се обратам на француски, бидејќи англискиот го губи значењето“.
Јункер изјави дека ЕУ не ја напушти Британија, туку напротив, Британија донела одлука да ја напушти ЕУ. Тој посочи дека ефектите од ваквата одлука ќе се почувствуваат со текот на времето.
Јункер посочи на некои од „слабите“ аспекти на одлуката на Британија за Брегзит, велејќи: „Бидејќи ЕУ повремено се плаши од реалноста, преку некои грешки помина како да не ги забележува“.
- Бегалска криза
Во својот говор, Јункер зборуваше и за кризата со илегалните бегалци која ја оптовари ЕУ, упатувајќи пофалби за домаќинот на конференцијата, Италија, со зборовите: „Италија ја спасува честа на Европа во Средоземното Море“.
Претседателот на Европската комисија ги истакна недоразбирањата околу бегалската криза меѓу земјите-членки на Унијата и додаде: „Во ЕУ постои сериозен недостатокот на солидарност. Некои земји-членки не го почитуваа повикот за солидарност во врска со бегалците од страна на Европската комисија. Не ги почитуваа правилата. Доколку не ги почитуваме правилата, сите губиме“.
Истакнувајќи на верскиот фактор при прифаќањето на бегалците, Јункер рече: „Неприфаќањето на бегалците само затоа што не се католици е ситуација што е во спротивност со природата на Европа“.