свет

Јужна Кореја распоредува трупи во Ормускиот Теснец

„Со оглед на моменталната состојба на Блискиот Исток, Владата реши да ја прошири привремено сферата на активност на единицата „Чеонга“, со цел да се гарантира безбедноста на нашиот народ и слободата на навигација на нашите пловни објекти“

Zehra Nur Düz  | 21.01.2020 - Обновена : 23.01.2020
Јужна Кореја распоредува трупи во Ормускиот Теснец Фото: АА/Архива

АНКАРА (АА) - Јужна Кореја денес ќе испрати трупи во Ормускиот Теснец за да ја обезбеди сигурноста на корејскиот народ и бродовите во регионот во текот на наредните шест месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Испраќањето на морнарицата, која е во антипиратска мисија во Аденскиот Залив во близина на Сомалија од 2009 година, има за цел да ги прошири своите области за мисија во Заливот, а понатаму кон Персискиот Залив“, јави новинската агенција „Јонхап“.

„Со оглед на моменталната состојба на Блискиот Исток, Владата реши да ја прошири привремено сферата на активност на единицата „Чеонга“, со цел да се гарантира безбедноста на нашиот народ и слободата на навигација на нашите пловни објекти“, се нагласува во соопштението на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Се додава дека 31-та серија на ротационите трупи заедно со бродот „Ванг Геон“, ќе бидат испратени во регионот како дел од мисијата.

Силите нема да се придружат на коалицијата предводена од САД, туку ќе извршуваат независни операции.

„Околу 25.000 Јужнокорејци живеат на Блискиот Исток и околу 170 јужнокорејски бродови пловат низ Ормускиот Теснец околу 900 пати годишно“, објави новинската агенција „Јонхап“.

Ормускиот Теснец се смета за еден од најважните светски премини за пренос на нафта меѓу Арапскиот Залив и Оманскиот Залив.

Теснецот од 39 километри е единствената траса до отворениот океан за над една шестина од глобалното производство на нафта. Јужна Кореја, 12-та економија во светот, увезува околу 70 отсто од својата нафта преку Теснецот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın