свет

Поранешниот шеф на Интерпол осуден на 13,5 години затвор поради мито

Kинескиот Народен суд во Тијанѓин го прогласил Менг за виновен за злоупотреба на своите овластувања во периодот меѓу 2005 и 2017 година

Rıyaz Khalıq  | 21.01.2020 - Обновена : 23.01.2020
Поранешниот шеф на Интерпол осуден на 13,5 години затвор поради мито

АНКАРА (АА) - Поранешниот шеф на Интерпол, Менг Хонгвеи, денес е осуден на 13 и пол години затвор под обвиненија за корупција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според „Саут Чајна морнинг пост“ („South China Morning Post“), дневен весник со седиште во Хонгконг, кинескиот Народен суд во Тијанѓин го прогласил Менг за виновен за злоупотреба на своите овластувања во периодот меѓу 2005 и 2017 година, кога работел како заменик-министер за јавна безбедност и шеф на Поморската полиција на Кина.

Судот соопшти дека Менг за 12 години примил мито во висина од 14,46 милиони јуани (2,1 милиони долари).

Менг беше првиот Кинез на чело на Интерпол. Тој беше избран за претседател на Интерпол во ноември 2016 година, наследувајќи ја Французинката Миреј Балестрази.

Во октомври 2018 година, француските истражители започнаа истрага за исчезнувањето на Менг (64), кој ја напушти Франција и замина за Кина кон крајот на септември истата година.

Тој одреден период не беше достапен и не можеше да му се влезе во трага. Неговата сопруга, која живееше во Лион со нивните деца, го пријави исчезнувањето на Менг на француските власти.

Менг нема да поднесе жалба против пресудата.

Јужнокореецот Ким Џонг-јанг го наследи Менг како челник на Интерпол, откако тој поднесе оставка поради обвиненијата од кинеските власти за примање мито.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın