Ekipa
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
СЕУЛ (АА) - Јужнокорејците започнаа со раното гласање на изборите на кои ќе се избере нов претседател, кој ќе ја наследи Парк Геун-хје , соборена поради обвиненијата за корупција, јавува Anadolu Agency (AA).
Раните гласачи ќе може да гласаат денес и утре пред изборите што ќе се одржат следниот вторник.
Предизборните истражувања покажуваат дека либералот Мун Џае-ин има предност во однос на двајцата главни ривали, кандидатот на центарот и на конзервативците.
Победникот на изборите веднаш ќе положи заклетва како нов претседател, со што ќе биде заобиколена традиционалната транзиција од два месеца. Новиот претседател ќе служи полн петгодишен мандат.
Националната изборна комисија соопшти дека досега околу три милиони лица гласале, откако денес започна дводневното рано гласање.